4.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

И покрај критиките: ФИФА добила пет милиони барања за билети за само 24 часа

Навивачите ширум светот се гневни на ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, но од светската куќа на фудбалот се пофалија дека само во првите 24 часа од третата фаза од продажбата добиле пет милиони барања за билети.

ФИФА се пофали со овие бројки и истакна дека Мундијал со 48 репрезентации и зголемен број на натпревари само го крена интересот за настанот кај навивачите од сите краеви на светот.

Освен од трите земји домаќини, најголем интерес за билети има од Колумбија, Англија, Еквадор, Бразил, Аргентина, Шкотска, Германија, Австралија, Франција и Панама.

Од натпреварите, посебно се истакнува оној помеѓу Колумбија и Португалија, а голем интерес има и за мечевите Бразил – Мароко, Мексико – Јужна Кореја, Еквадор – Германија и Шкотска – Бразил.

- Оглас -

Најнови вести