И покрај поразот, Компани е оптимист дека Баерн може да игра во полуфиналето на ЛШ

Баерн Минхен загуби на „Алијанц аренате“ од Интер со 1:2 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите и сега драстично си ги намали шансите за влез меѓу четирите најдобри во елитното натпреварување на УЕФА. Германскиот гигант влезе како фаворит пред мечот, но италијанскиот првак на теренот ги изненади домашните фудбалери.

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, жали за поразот и потенцира дека неговиот тим бил подобар на теренот и доминирал во поголем де од средбата.

„Добро го започнавме мечот. Доминиравме во првите 30 минути и тогаш можевме да постигнеме еден или два гола, можеби и повеќе. Наместо тоа, ние примивме гол. Потоа и во второто полувреме доминиравме, создававме шанси. Сепак, не треба да заборавиме дека Интер е силен ривал и тоа го покажа на теренот. Не сакам да се правдам со повредените играчи, но имаме пет-шест на таа листа. На крајот, загубивме со 2:1, резултатот не можеме да го смениме, но следната недела има и реванш во Милано“, вели Компани.

Има еден интересен податок кој дава дополнителна надеж за Компани и неговиот тим. Кога овие два клуба се среќавале во нокаут-фазата во ЛШ, секогаш победувал тој што е гостин на реваншот.

Во 1989 година, Баерн дома загуби со 2-0, но на реваншот во Милано победи со 3-1 и отиде понатаму. Во 2011 година, Баварците победија на гости со 1-0, но на реваншот во Минхен Интер победи со 3-2, третиот гол беше дело на Горан Пандев.

- Оглас -

Најнови вести