И покрај поразот, сонцето силно свети во Вараждин (Фотогалерија)

Македонија загуби од Холандија со 37-32 на Светското ракометно првенство во Вараждин, но во никој случај не разочара. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа храбро, дрско и оставија срце на терен, но она што е разочарувачко е арбитражата на данските судии, кои покажаа 12-пати на линијата од седум метри (Холандија реализира 10), наспроти само пет пенали за Македонија, а речиси едно цело полувреме игравме со играч помалку поради исклучувањата и двата црвени картони.

- Оглас -

Најнови вести