9.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

И покрај суспензијата, Престијани тренираше на „Бернабеу“

Трае напнатоста пред утрешниот меч на Реал Мадрид и Бенфика од плејофот за влез во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Она што се случи на првиот дуел во Лисабон пред една недела, кога Џанлука Прастијани наводно му кажал расистички навреди на Винисиус, уште е главна тема.

Аргентинецот наводните навреди ги кажал кога устата му беше покриена со дрес и тешко е да му се докаже вината, но УЕФА го суспендира осомничениот фудбалер на еден меч, со можност дополнително да добие и многу построга казна. Бенфика се жалеше и чека конечна одлука дали Престијани ќе смее да игра или дефинитивно не.

Од Бенфика не се откажуваат, па Престијани е во Мадрид со екипата. Пред хотелот беше навредуван и нарекуван „расист“, а вечерва тој и тренира на стадионот „Бернабеу“.

Престијани бил последен играч што излезе на теренот. На терен е и тренерот Жозе Мурињо, кој исто така е суспендиран и нема да биде на клупата утревечер, кога ќе се игра мечот.

- Оглас -

Најнови вести