И поради ова сакаат да се врати Меси: Барса точно две години нема дадено гол од слободен удар!

Денеска се навршуваат две години откако Барселона за последен пат постигна гол од слободен удар. На 2 мај 2021 година, Лионел Меси даде гол од слободен удар на „Месталја“ против Валенсија и тоа е последниот таков погодок на Каталонците.

Оттогаш поминаа 104 меча на Барса, а откако замина Меси во ПСЖ, Барселона нема дадено ниту еден гол од слободен удар, иако за овие неполни две години имале 41 обид од 11-мина различни фудбалери.

И тоа е една од причините зошто Каталонците посакуваат да го вратат нивниот најдобар играч во клупската историја. Меси како играч на Барса има дадено 50 гола од слободен удар од 591 шут. Сезонава во дресот на ПСЖ, Меси има два гола од слободен удар од 57 обиди.

- Оглас -

Најнови вести