На денешен ден во 1999 година, Савичевиќ влезе во „конверзација“ со еден „пургер“, и заборави дека камерите се вклучени (Видео)

На 8 октомври 1999 година, на еден ден пред одигрувањето на епскиот натпревар Хрватска – СР Југославија во Загреб, црногорскиот ас Дејан Савичевиќ кој тогаш играше за Југославија, пред хотел даде интервју кое стана легендарно поради конверзацијата која популарниот Дејо ја имаше со еден случаен минувач.

Човекот кој не се гледа на снимката, на Савичевиќ среде интервју му довикнува дека е го.но, и тоа го испровоцира Савичевиќ да му врати со серија пцовки и навреди. Она што ова видео го направи легендарно и дополнително смешно, и што откако му нареди сè по список на загрепчанецот, Савичевиќ мртов ладен продолжи да зборува за фудбалскиот натпревар и очекувањата.

Неколку години подоцна, Савичевиќ изјави дека бил договорен делот со пцовките да биде исечен и да не се најде во документарецот за чии потреби било направено интервјуто, но бил излажан, и фановите можеа да го видат и слушнат целото интервју кое предизвикува смеење и по 22 години откако е направено. Савичевиќ откако сфатил дека е излажан, му се јавил на режисерот на филмот, и почнал да го пцуе уште повеќе од тоа што му го упатил на „штрбавиот пургер“.

- Оглас -

Најнови вести