И „потпросечниот“ Дончиќ доволен за да падне домаќинот

Словенија рутински ја надигра домашната селекција Јапонија со убедливи 116:81 за втора победа и пласман во нокаут-фазата од кошаркарскиот олимписки турнир.

Лука Дончиќ овојпат не го покажа својот напаѓачки раскош во целост како што го стори тоа против светскиот вицепрвак Аргентина, но сепак со неговите 25 поени, 7 асистенции и исто толку скока ја предводеше својата селекција до посакуваниот триумф.

Словенците издоминираа во првите три периоди од сите четири периоди, па во завршните 10 минути сигурната предност од +16 ја направија недостижна на +38 за голем потоп врз домаќинот на Олимписките игри.

Покрај Дончиќ, во одлично издание се покажа Зоран Драгиќ со 24 поени, додека Хачимура им правеше најмногу проблеми на Словенците, кој беше најефикасен на средбата со 34 поени и 7 скока.

Во 14 часот се игра големото дерби меѓу актуелните светски шампиони и вицешампиони, Шпанија против Аргентина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести