И радост и тага – Го постигна првиот гол во кариерата, посветата е специјална и трогателна (Фото)

Емануел Емега го постигна првиот гол во професионалната кариера, вчера за Спарта Ротердам против Витезе и погодокот му го посвети на трагично починатиот млад соиграч Усмане Коне.

Емега беше стрелец на последниот погодок во победата на Спарта од 3:0 и веднаш со маица со специјална посвета 18-годишниот фудбалер му оддаде почит на Коне.

„Никогаш нема да го заборавам мојот соиграч и голем пријател Усмане Коне. Пред мечот почуствував дека ќе бидам стрелец, па си специјално си подготвив маица со порака за Коне. Беше одличен фудбалер и пријател“, изјави 18-годишниот Емега.

https://twitter.com/OpleidingSparta/status/1390781477999333384?s=20

Во 2016 година тој, Коне и младите играчи на Спарта беа на заеднички излет и се случи голема трагедија. Коне се удави во настан што требаше да биде посветен на меѓусебна дружба на младите фудбалери на Спарта, а се претвори во несреќен случај со трагични последици.

 

- Оглас -

Најнови вести