Реал Мадрид е сериозен кандидат за потписот на Единсон Кавани, уругвајскиот напаѓач кој моментално е без клуб по истекот на договорот со ПСЖ претходно летово. Кавани имаше доста опции за ангажман, меѓутоа безуспешно поминаа преговорите со Бенфика, Јувентус и Атлетико Мадрид.
Претставниците на рекордерот на Светците по бројот на погодоци дури двапати го нуделе Кавани на Барселона, меѓутоа Каталонците не биле во можност да си ги дозволат услугите на искусниот голгетер. По вчерашното реми без голови на Кралевите на гости кај Реал Сосиедад, се виде дека на Зидан ќе му треба уште еден врвен напаѓач покрај Карим Бензема, со цел да има повеќе опции во првата линија од формацијата.
Освен враќањето на Одегар, Реал ова лето не претрпе промени во играчкиот кадар, настрана разделбата со Бејл, Регилон и Дијас.