И Реал знае да утне, најскапиот играч во историјата на Кралевите никогаш не играл на „Ел Класико“

Еден Азар има чудна приказна во Реал Мадрид, воопшто не ги оправда очекувањата како најскап трансфер во историјата на клубот, а како шлаг на целата ситуација е што никогаш не настапи на „Ел Класико“ дерби дуелите со Барселона.

Досега пропушти пет такви дуели со вечниот ривал на Реал Мадрид, а како стојат работите и во недела тешко дека ќе дебитира на едно од најголемите фудбалски дербија на планетата.

Азар не бил стартер за Реал од 23. јануари, а на последните три меча на Кралскиот клуб остана на клупата и без минутажа.

Карло Анчелоти според најавите на шпанските медиуми нема да менува нешто драстично во составот на лидерот во Ла Лига, за мечот со Барселона, утре од 21 часот, па се птретпоставува дека Азар ќе го пропушти и шестото „Ел Класико“.

Белгиецот е член на Реал Мадрид од 2019 година, или трета сезона го носи белиот дрес на најтрофејниот европски клуб, а трансферот од Челзи кај Кралевите чинеше 100 милиони евра, што можат да пораснат до 146 милиони евра со предвидените бонуси.

Тоа е највисоката сума што Реал ја платил за играч во историјата на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести