24.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

И реми беше доволно за Црвена ѕвезда да закаже двомеч со Пафос за влез во ЛШ

Црвена ѕвезда со вкупни 4-2 успеа да дојде до пласман во плеј-офот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ беа на чекор од втора победа над Лех Познан, но останаа без неа во последната 93-та минута од натпреварот.

„Црвеон-белите“ победија со 1-3 на гостувањето во Полска, а во Белград имаа 1-0 на полувремето, откако во судиското продолжение од пенал погоди Шериф Ндиаје.

Сепак, Родриго во 57-мата минута беше исклучен, а гостите од Полска во 93-тата минута израмнија на 1-1 преку Микаел Ишак.

Црвена ѕвезда за противник во плеј-офот за влез во лигашкиот дел од Лигата на шампионите ќе го има најголемото изненадување оваа сезона, кипарски Пафос.

- Оглас -

Најнови вести