Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, се најде на списокот кандидати за преземање на клупата на Римската волчица. Според италијанските медиуми, тој би бил еден од најидеалните решенија, а воедно во својата кариера како фудбалер две години ги бранеше боите на тимот од „Олимпико“.
Михајловиќ уште еднаш ги покажа своите стратешки способности откако успеа со Болоња сезонава да обезбеди опстанок во Серија А, па сега може да добие многу посериозна работа во клуб со поголеми амбиции. Србинот има добра врска и со дел од управата на Рома бидејќи соработуваше со спортскиот директор Џанлука Петрачи во периодот кога го водеше Торино.
Заедно со Михајловиќ, за клупата на Рома конкурираат и тренерот на Сасуоло, Роберто Де Ѕерби, како и предвоникот на Шахтар Донецк, Пауло Фонсека. Инаку, името на српскиот стратег се најде меѓу кандидатите за нов тренер на Јувентус, а не е исклучено и враќање во Милан.