Кристијано Роналдо ја доби наградата за најкорисен играч во италијанската Серија А за минатата сезона. Португалецот уште како дебитант во Серија А се снајде одлично и беше еден од најзаслужните што Јувентус ја одбрани титулата во Калчото. Роналдо даде 21 гол во првата година во дресот на Старата дама, па ја доби и наградата за најдобар стрелец во Серија А.
„Ќе се обидам да зборувам на италијански. Чест ми е што бев најдобар стрелец во Серија А. Им благодарам на соиграчите, но и на сите играчи кои гласаа за мене. По две сезони во Серија А, можам да речам дека тоа е многу тешка лига. Благодарам на сите и се надевам дека и следната година ќе биде исто вака“, рече Роналдо по добивањето на наградите.
Наградата за најдобар стрелец во Серија А Роналдо ја подели со Дуван Запата од Атланта и Фабио Квалјарела од Сампдорија.
Италијанските новинари пренесуваат дека Роналдо како воопшто да не присуствувал на церемонијата во Милано бидејќи сè додека не бил прогласен за најдобар, седел во автомобилот на паркингот.
„Неверојатно. Кристијано Роналдо чекаше во автомобилот сè до моментот кога требаше да биде прогласен за најдобар играч во Серија А. Кога дојде тој момент, Кристијано конечно влезе во театарот, и тоа опколен со голем број телохранители кои воопшто не дозволија да се снима додека тој доаѓаше кон салата“, напиша новинарот на „Газета дело спорт“, Танкреди Палмери.
UNBELIEVABLE!
Cristiano Ronaldo waited in his car for the moment in which he had to be awarded MVP Serie A award!
Then when the time came, he finally get out to enter the theatre, while his bodyguards pointed torchlights to cameras! https://t.co/8A51G9Tatp— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 2, 2019