До крајот на летниот преоден рок останува уште малку, но се очекува да биде „жешко“. Многу светски ѕвезди заминаа да играат во Саудиска Арабија, а според најавите, се очекува уште еден голем трансфер.
Мохамед Салах е цел на Ал-Итихад, клуб кој е подготвен да му плати 100 милиони евра на Ливерпул за реализација на овој трансфер. Ако се реализира овој трансфер, тој би бил рекорден во Саудиска Арабија, надминувајќи ги 90-те милиони кои Ал-Хилал му ги плати на Пари Сен Жермен за доаѓањето на Нејмар.
Доколку се согласи да дојде во Саудиска Арабија, Салах ќе потпише тригодишен договор и во овој период ќе зараобти 200 милиони евра без бонусите. Ал-Итихад сака да донесе уште една голема ѕвезда откако само по еден месец реши да се откаже од Португалецот Жота, кој стигна од Селтик за сума од 30 милиони евра.
ديف أوكوب |
“الاتحاد يسعى للتعاقد مع محمد صلاح قبل إغلاق النافذة بصفقة مدتها ثلاث سنوات”https://t.co/GvFXNAgqKW
— سليمان الخيبري| (@abu_osama_LFC) August 24, 2023