И Селта знае да одигра 0:0, рекорд на Леганес

Селта и Леганес одиграа очајни 0:0 како за старт на колото во шпанското првенство. Домашните имаа две победи по ред, од кои едната во купот, па важеа за фаворити, но не го најдоа патот до голот на гостите од Мадрид. Селта првпат сезонава одигра 0:0, па сега во шпанската лига екипи без најнепопуларниот резултат сезонава се Барселона, Еспањол, Леванте, Рајо Валјекано и Уеска.

За Леганес кој на „Балаидос“ дојде без неколку повредени играчи, бодот е важен во битката за опстанок, па тие се позадоволни од овие 0:0. Леганес има низа од шест меча (две победи и четири нерешени) без пораз, што е нивен клупски рекорд. Веројатно им помогна и лошиот терен кој беше поплавен со вода од обилните дождови.

Ако ништо друго, Селта првпат освои бод кога им судеше Мунуера Монтеро. Досега со овој арбитар, Селта имаше 6 порази на шест меча. Тимот од Виго има само 10 победи во последните 50 дуели против мадридските прволигаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести