И Силас не успеа во Спортинг – Ристовски ќе има нов тренер од идната сезона

Спортинг не е задоволен од резултатите што ги има со сегашниот кормилар Жорге Силас и најави дека нема да ја продолжи соработката со шефот на стручниот штаб.

Лавовите од Лисабон често менуваат тренери, а извесно е дека Стефан Ристовски ќе има нов тренер од идната сезона, секако ако остане во Спортинг.

Од август 2017 година, кога македонскиот репрезентативец пристигна во редовите на португалскиот гигант се сменија дури пет тренери, а Силас ќе биде шестиот според најавата од Алкочете.

Ристовски почна со Жорж Жезус, па потоа тренери му беа и Жозе Пешеиро, Тијаго Фернадес, Марсел Кајзер, Леонел Понтес и сега Жорж Силас.

- Оглас -

Најнови вести