Естонија и Ерменија одиграа 1:1 во Талин, резултат кој ѝ одговара на Македонија затоа што нашите фудбалери со бодот против Грузија, го задржаа првото место во групата од Лигата на нациите. По четири одиграни кола, Македонија има 6 бода, колку што има и Грузија, но ние сме со подобра гол-разлика. Ерменија е со пет бода, додека Естонија уште нема победа и има само два бода, што е доволно за последното место.
Во последните две кола, Македонија прво на 15 ноември во Скопје ќе игра против Естонија и е голем фаворит. Во последното коло, кое може да биде и решавачко за задржување на првата позиција, што би значело и пласман во Сегментот Б, Македонија ќе игра на гости кај Ерменија.