И со Бразилки и Србинки во составот тешко оди, Љуботен убедливо надигран од австрискиот првак

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, Љуботен од Тетово, не се пласира во финалето на квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите, кој се игра на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје.

Австриски Сент Пелтен беше пресилен за македонскиот тим, кој освен Македонки, во своите редови има и фудбалерки од Бразил и Србија. Сепак, Љуботен е дебитант, па и покрај поразот од 0-7, ова искуство може да им користи во иднина.

Во првото полувреме Австријките постигнаа три гола, а во второто четири, од кои два во судиското продолжение. Во финалето, Сент Пелтен ќе игра со Динамо Минск, кој со 5-0 славеше над бугарскиот Локомотив Стара Загора.

- Оглас -

Најнови вести