И со Џани и без Џани, забавата со Лидс е загарантирана

Почетокот на новата сезона во Премиер лигата, која традиционално е на првите страници од билтените на Sport Life, донесе натпревар за паметење. Се докажа дека влезот на Лидс во англиската елитна лига ќе биде освежување за Премиер лигата.

Со тренер како Марсело „Лудакот“ Бјелса, тимот од областа Јоркшир уште во првото коло во Премиер лигата во која се врати по 16 години пауза, покажа дека ќе биде тврд орев за сите фаворити и дека нема да испадне толку лесно како што му предвидуваа откако летово не се засили премногу.

Со збунета одбрана, која наивно правеше пенали, но и со опасен напад, Лидс личи на тим кој сезонава често ќе игра ефикасни натпревари со голови на двете страни. Со обложувачки речник кажано, играта ГГ & 3+ може да биде добитна комбинација на мечевите на Лидс.

Српскиот фолк пејач Џани кај нашиот северен сосед е познат по култната реченица „No Djani, no party“, што во слободен превод значи „без Џани нема добра забава“. Во случајот со Лидс, забавата за публиката делува дека е загарантиран, со или без македонскиот репрезентативец Џани. Алиоски завчера не заигра на „Енфилд“, но и тој наскоро ќе добие шанса на некој од наредните натпревари да покаже дали е подготвен за ова ниво. Алиоски како Герет Бејл, може да игра како лев бек, лево крило или десно крило, го користеа на сите овие позиции и сестраноста е неговиот адут.

Не е лесно на Ливерпул да му се дадат три гола и тоа на негов  терен, и следните неколку кола ќе покажат дали ова беше само почетничка еуфорија, или Лидс е способен да биде најпријатно изненадување во Премиерлигата. И одбраната на Ливерпул не се прослави, Ван Дајк и другарите како уште да се на одмор. Црвените првпат по 38 години на два домашни меча по ред примаат по три гола (Челзи им даде три во последното коло од минатата сезона), па Јирген Клоп ќе мора да поработи на тоа.

Викендов тргна и шпанската Ла Лига, но без Реал, Барса, Атлетико и Севилја, Примера дивизија не е толку привлечна. Вистинскиот старт на шпанската лига е следниот викенд, заедно со Серија А и Бундеслигата, па и обложувачите ќе тријат раце од фудбалската елитна понуда на Sport Life.

Во Франција, ПСЖ им даде „фора“ на ривалите, има два порази, и тоа без даден гол. Тимот кој играше финале на ЛШ, лошо мина со корона-вирусот за време на летниот одмор, не се снаоѓаат без некои од главните играчи, но уште е почеток, по комплетирањето Светците ќе покажат дека се најдобри во својата земја. Дека не се баш тим кој знае да поднесе пораз, покажаа синоќа против Марсеј кога се степаа, особено Нејмар, кому му претстои нова пауза, овојпат поради црвениот картон. Капак беше најавата на Мбапе дека сака да си оди следното лето, изгледа ќе имаат турбулентна сезона во која ќе вреди да се бркаат изненадувања против нив.

- Оглас -

Најнови вести