И со комбиниран состав Рисовите треба да го надиграат непознатиот противник

Македонската фудбалска репрезентација попладнево (17 часот) ја пречекува селекцијата на Казахстан во контролниот натпревар кој ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова ќе биде втор и последен подготвителен дуел за Рисовите пред да се упатат кон Букурешт, каде што ќе ги одиграат првите два меча од групната фаза против Австрија и Украина.

За составот на Игор Ангеловски ова ќе биде прва пресметка против казахстанската репрезентација, во која самиот тој најави дека има големи шанси да им даде предност на помладите играчи и оние со помала минутажа, со цел да ги одржи здрави главните адути пред историскиот настап на континенталниот фудбалски собир.

И со комбиниран состав, Македонија би требало да го одбрани домашниот терен против непознатиот противник, кој во нашата метропола доаѓа со осум меча без триумф во сите натпреварувања. Рисовите се во многу подобра форма со три победи и по еден пораз и ремито против Словенија од пред три дена.

Енис Барди ќе недостасува и за овој меч поради ковид-проблеми, но надежите се дека клучниот играч за врска ќе добие негативен тест пред патувањето за Романија.

Според коефициентот во Sport Life, „кецот“ на Македонија е сосема солиден при квота 1.70, односно 5.20 изнесува коефициентот за триумф на Казахстан, а евентуално реми носи квота од 3.50.

- Оглас -

Најнови вести