И со малку мечеви на тикет, исплатени големи добивки во Sport Life

Победата на Милан над Лацио од 3-2, со гол во 92-ра минута во средата вечер, на еден прогнозер му донесе добивка од Sport Life во износ од 170.430 денари. Овој играч уплатил 2.500 денари на тикет во објектот Слога во Скопје, и на тикетот има четири натпревари, па затоа добивката е повеќе од одлична.

Овој прогнозер типувал дека на четирите меча, домашните ќе водат и на полувреме и ќе победат на крај, а притоа ќе има барем по три гола на секој од тие мечеви. На средбата Милан – Лацио релативно рано паднаа три гола, а за да излезе „еден во еден“ и 3+ гола (квотата беше 5), се чекаше дури до 92-рата минута, кога Тео Ернандес ја затресе мрежата на Лацијалите за триумф на Милан.

На мечевите Рома – Калјари и Лион – Нант немаше поголеми проблеми, домашните навреме ја завршија работата, а дуелот ПСЖ – Стразбур заврши 4-0, но за да биде со 3+, не беше лесно, третиот гол падна во 88-мата минута.

ДРАМА ВО ДЕЛЧЕВО, ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРАТ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Во Делчево еден прогнозер во Sport Life уплатил 800 денари само на три парови, но типувал дека гостинските тимови ќе дадат најмалку два гола во вторите полувремиња и, за негова среќа, погоди, па добивката му е над 1.000 евра.

Добивката од 64.020 денари ја заслужи со погодувањето дека Сасуоло ќе даде два гола на гостувањето кај Сампдорија (головите паднаа во 56-та и 58-ма), дека Лил ќе даде два во второто полувреме кај Монпелје (вториот на Бурак Јилмаз падна во 86-та минута), а вистинска драма беше за мечот Евертон – Манчестер јунајтед.

Делчевецот долго чекаше Црвените ѓаволи да дадат голови, но до 87-мата минута Евертон ја сочува својата мрежа. Надежта дека Манчестер ќе даде два гола се разбуди кога Кавани во 88-мата минута погоди за 1-0, а Марсијал со погодокот во 96-тата минута за 2-0 помогна тикетот во Делчево да биде добитен.

- Оглас -

Најнови вести