И со подморница почнаа да ги бараат Сала и авиончето

Семејството на исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала не се откажа од потрагата по својот син и брат, па на сите начини се обидува да го најде авионот во којшто беа овој 28-годишен играч и еден пилот. Најнова информција е дека во потрагата е вклучен брод со најсовремена технологија и мала подморница која ќе го пребарува дното на Ла Манш во областа во која најверојатно паднал авионот со кој Сала пред осум дена леташе кон Кардиф.

По одличната полусезона во дресот на француски Нант, Сала потпиша за Кардиф сити, а трансферот вредеше 17 милиони евра. Сала по потписот се врати во Нант за да се поздрави со веќе поранешните соиграчи, а кога од Нант замина кон Кардиф, се случи трагедијата и од авионот и фудбалерот нема никаква трага.

Потрагата беше официјално прекината од полицијата, но продолжи благодарение на фудбалските ѕвезди кои донираа пари, па беа ангажирани морски биолози и специјалисти за барање остатоци. Проблем е што авионот беше многу мал, а подрачјето кое се пребарува е големо.

- Оглас -

Најнови вести