Откако Грузија не победи и со ремито во Талин останавме први во групата

Македонија разочара и одигра само 3:3 против Естонија во меч на кој бевме големи фаворити пред средбата. Иако освои само еден бод, Македонија остана лидер во својата група од Лигата на нации по три одиграни кола.

Во вториот меч од оваа група, Ерменија и Грузија ремизираа 2:2, па сега на табелата редоследот е следен: Македонија 5 бода (6:5 гол разлика), Грузија 5 (4:3), Ерменија 4, Естонија 1 бод. Во следното коло, за три дена, односно на 14 октомври, Македонија во Скопје ќе биде домаќин на Грузија, во меч на две селекции кои претендираат за првото место во групата.

Во останатите мечеви кои досега се одиграа денеска во натпреварите од Лигата на нации: Босна и Херцеговина – Холандија 0:0, Англија – Белгија 2:1, Хрватска – Шведска 2:1, Ирска – Велс 0:0, Финска – Бугарија 2:0, Норвешка – Романија 4:0, Казахзтан – Албанија 0:0, Литванија – Белорусија 2:2.

- Оглас -

Најнови вести