Манчестер сити води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Црвена ѕвезда, а стрелец беше 20-годишниот Мика Хамилтон, кој првпат игра за сениорскиот тим на Сити и на европската сцена се претстави со гол на дебито.
Голот на Хамилтон погледнете го ТУКА.
Иако англискиот и европски првак игра со ослабен состав во којшто само два-тројца се стандардни, доминира во првото полувреме против Ѕвезда. Ако Граѓаните го добијат и овој меч, ќе му се придружат на Реал Мадрид како единствени тимови кои групната фаза во ЛШ ќе ја завршат со максимални 18 бода.