Новопечената сопруга на Месут Озил, Амине Ѓулше, исто така била во џипот на нејзиниот маж кога се случи вчерашниот инцидент во кој неколку моторџии со ножеви се обидоа да го ограбат фудбалерот.
Лондонската полиција уште го истражува случајот, а од Арсенал порачаа дека се во контакт со своите играчи и дека никој не е повреден.
Озил имаше среќа што со него беше Сеад Колашинац, кој се покажа како херој и успеа да ги одврати напаѓачите. Колашинац сам се бореше, а Германецот со турско потекло останал во џипот не затоа што е кукавица, туку внатре со него била и неговата сопруга со која стапи во брак летово и сакал да ја заштити.
И келнерите од турскиот ресторан во кој Озил е чест гостин помогнале да се одбие нападот. Прво се зборуваше дека намерата била да се киднапира Озил, но сепак тоа не е точно, сакале само да го ограбат и да му земат пари или да му го украдат возилото.
An incident took place in London today where Arsenal's Mesut Ozil was the victim of an attempted car-jacking.
Footage appears to show Sead Kolasinac fighting off attackers.
Arsenal comment: ”We have been in contact with both players and they are fine.”https://t.co/38Y2l4FJro
— Goal (@goal) July 25, 2019