И Србите им „киднаа“ на Италијанците, Фиорентина најавува казни

Никола Миленковиќ и Душан Влаховиќ, според италијанските медиуми, не ја почитувале одлуката на тамошната Влада и ја напуштиле земјата за да допатуваат во Белград на собирот на српската репрезентација пред клучниот меч за пласман на ЕП против Шкотска.

Задутре тие ќе бидат во комбинација за настап против Шкотите во меч што одлучува за настап на ЕП, а Италија ја напуштија вчера.

Од Фиорентина најавија казни кога српскиот тандем ќе се врати во клубот, а очекувано, Фудбалскиот сојуз на Србија застана во нивна одбрана.

„Не можат Италијанците да направат проблем бидејќи ова е во согласност со УЕФА и ФИФА. Баравме од нив да се изјаснат и од ФИФА добивме писмено известување дека Миленковиќ и Влаховиќ можат да дојдат во Белград. Ако дојде до некаков проблем со Фиорентина, ние ќе им ја дадеме потребната помош на нашите репрезентативци“, велат од ФСС.

И потенцираат дека и Роналдо самоволно ја напуштил Италија за да игра за Португалија.

„И Роналдо замина по своја волја и не ги почитуваше одредбите, па плати казна. Ако треба и ние ќе ја платиме казната за Миленковиќ и за Влаховиќ“, додаваат луѓето од Фудбалскиот сојуз на Србија.

Србија игра со Шкотска на стадионот „Рајко Митиќ“ од 20.45 часот во четврток, а победникот од дуелот во Белград ќе игра на Европското првенство идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести