И Србите конечно се свестија: Сопрени сите спортски настани во земјата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва се обрати на јавноста и најави дека во земјата се прекинуваат сите спортски настани и тоа поради опасноста од ширење на Коронавирусот.

„Се затвора животот, за да го сочуваме животот. Училиштата најверојатно и нема да се отворат до крајот на годината. Нема потреба да објаснувам зошто, теретаните се најопасно место за зараза“, рече меѓу другото претседателот на Србија, Вучиќ.

Во Србија вчера се одигра комплетното 26. коло од Супер лигата, а имаше и други спортски настани. Од утре, спортот и во Србија ќе биде „замрзнат“.

- Оглас -

Најнови вести