Репрезентациите на Бразил и Швајцарија играат без погодоци по првиот дел на стадионот „974“ во Катар. Двете селекции имаат по три бода на своето конто и едноставно како да калкулираат, па затоа и немаше многу возбудувања.
Бразил ја имаше единствената шанса за погодок, и тоа преку Винисиус Јуниор, кој излезе сам пред противничкиот гол, но не успеа да реализира. Швајцарија не упати ниту еден удар кон противничкиот гол, а европската селекција единствено што направи во првиот дел се двата изведени корнери.
Пред крајот на првото полувреме, стадионот кој е направен од 974 бродски контејнери, за момент остана без струја. Секунда беше затемнувањето, кое како да беше сигнал дека сите на стадионот „заспаа“ од неатрактивната игра на двата тима во првите 45 минути.
The lights at the Stadium 974 went out for a few seconds.
Switzerland defending turning off themselves for a moment, but avoid going down 1-0 to Brazil.
Humorous scenes. #BRASUI pic.twitter.com/qBBPdTFZgG
— Andrew Jerell Jones, Luke 1:37 (IG:twdbk3) (@sluggahjells) November 28, 2022