Првиот човек на ФК Вардар, Миленко Неделковски, откри дека двајца домашни и еден странски тренер засега се во комбинација за нов тренер на Вардар во следната сезона, но таа листа може да се прошири.
Актуелен тренер на Црвено-црните е Гоце Седлоски, кој што беше наименуван за селектор на македонската репрезентација. До јуни Седлоски ќе биде и тренер на Вардар и селектор на Македонија, а потоа ќе го напушти клубот и ќе се посвети само на националниот тим.
Неделковски не ја исклучува можноста странец да го преземе Вардар, а може да биде и некој домашен стручњак, но не некој од имињата кои се спомнуваат како Благоја Милевски, Игор Ангеловски, Чеде Јаневски, Илчо Ѓорѓиоски…

