Контроверзниот боксер Мајк Тајсон не остана имун на случувањата во Невада и по битката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се јави со коментар на социјалните мрежи.
„Не можев ниту да замислам дека вака ќе заврши дуелот меѓу Ноториус и Хабиб. Имало и полуди од мене. Ова беше најлудата борба што сум ја гледал“, напиша Тајсон на Твитер профилот.
Мечот на деценијата меѓу двајцата големи непријатели Нурмагомедов и Мекгрегор му припадна на борецот од Дагестан, кој остана непоразен и по 27. меч. Ја одбрани и титулата, иако немаше официјално прогласување на победникот.
Жешката атмосфера во „Т-Мобајл арена“ во Лас Вегас кулминираше по завршувањето на мечот, во кој Хабиб беше супериорен. Шампионот ја прескокна оградата од рингот за да се пресмета во првите редови со Дилон Денис, член на тимот на Мекгрегор. Имаше размена на удари, а истовремено во рингот беше нападнат Конор, од претставници на тимот на старо-новиот шампион.
Мечот во живо од трибините го следеа околу 18 илајди гледачи во наелектризирана атмосфера, а коментарот на Тајсон, кој беше познат по инцидентите и надвор од рингот доволно говори што се се случуваше во Лас Вегас ноќеска.