И тоа чудо се случи, Меси погоди и Барселона загуби

Лионел Меси имаше серија од неверојатни 24 натпревари на кои кога погодуваше за Барселона, неговиот тим победуваше, или играше нерешено, а вечерва таа серија ја сопреа играчите на Валенсија.

Во финалето на Копа Дел Реј во Севилја, Барселона загуби, иако Меси погоди. Аргентинецот беше прецизен во 73. минута, но тој гол се покажа само као почесен за Каталонците, кои загубија со 1:2 и останаа без пехарот, кој беше во нивната колекција во последните 4 години.

Последен пат кога Меси постигнал гол, а Барселона била поразена беше дуелот со Бетис на „Камп Ноу“. Тогаш Меси двапати ја погоди мрежата на гостите, но Бетис славеше со 4:3.

Вечерва финалето во Копа Дел реј прекина и уште една серија на Меси. Досега на петте финалиња на кои даваше гол, Барселона ја освојуваше титулата, а сега за првпатс е случи Лео да биде прецизен, а Каталонците да останат без трофејот во шпанскиот куп.

И сега Севилја на некој начин не им донесе среќа на Меси и на Барселона, бидејќи финалето се играше токму на стадионот на Бетис „Бенито Вилјамарин“.

- Оглас -

Најнови вести