Кристијан Роналдо и дефинитивно остана во Манчестер јунајтед по летниот трансфер период, а тоа значи едно.
Португалецот за прв пат во својата богата кариера ќе игра во Лигата на Европа, откако постои ова натпреварување. Роналдо во својата кариера има играно како тинејџер во второто натпреварување на УЕФА, но тогаш познат како Куп на УЕФА.
Иако е добро познато дека неговиот агент се обиде да му обезбеди трансфер во друг клуб, со желба да игра во Лигата на шампионите, но до такво нешто не дојде.
Неговото деби може да биде веќе во четврток каде што Манчестер јунајтед ќе игра против Реал Сосиедад и тоа на гостински терен.