19.3 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

И тоа дочека: Мурињо првпат врза два порази на домашен терен во Премиер лигата

Челзи фрли сол на раната и му го нанесе третиот последователен пораз на Тотенхем во Премиер лигата со минимални 1-0 во вечерашното градско дерби.

Тимот на Жозе Мурињо сега се наоѓа на осмата позиција со 33 бода и дефинитивно може да се отпише од трката за титулата, а овој пораз е новитет за Специјалниот. Имено, Мурињо првпат во кариерата, односно откако менаџира во англискиот шампионат, загуби во два последователни натпревари на домашен терен.

Прво Ливерпул пред една недела го освои северниот дел од Лондон со 3-1, а сега и градскиот ривал профитираше од лошата форма на Петлите.

Никогаш претходно како предводник на Челзи во два наврати, како и на Манчестер јунајтед, Мурињо не дозволил двапати по ред да биде освоен неговиот терен, но во изминатава недела очигледно немаше решение како да намести тактика со која би освоил бодови.

- Оглас -

Најнови вести