И тоа дочека, прва АТП титула во сала за Карлос Алкараз!

Карлос Алкараз стана прв шпански тенисер кој го освоил турнирот во Ротердам, а со денешната победа од 6-4, 3-6, 6-2 во финалето против Алекс Де Мињаур од Австралија, и тој самиот испиша историја во својата кариера, првпат освои турнир кој се играл во сала.

Алкараз во 22 финалиња има 16 титули, има и четири грен-слема, но дури сега првпат играше финале и триумфираше во затворено.

Карлитос има 3-0 во дуелите со Де Мињаур кој годинава е одличен, има 11 победи, а до финалето во Ротердам дојде без загубен сет и посвеж од Алкараз. Сепак, Шпанецот не сакаше да ја пропушти шансата и дојде до првиот освоен турнир годинава.

- Оглас -

Најнови вести