И тоа е ЛШ: Имаа 78 отсто посед на топка, но загубија дома

Баер Леверкузен беше голем фаворит на свој терен против Локомотив Москва, но домаќините беа шокирани и загубија со 2:1 од рускиот тим. Фармацевтите доминираа во поголем дел од мечот, но едноставно не знаеја како да постигнат гол. Русите поведоа со 1:0, потоа си дадоа автогол, за сепак во текот на првото полувреме да дадат уште еден гол во мрежата на Баер и на крајот да ја задржат позитивата од 2:1.

Неверојатен е фактот дека Баер во текот на целиот дуел имаше 78 отсто посед на топката, но на крајот загуби.

За разлика од Баер, германскиот првак Баерн Минхен постави позитивен рекорд откако со 3:0 ја победи Црвена ѕвезда. Баварскиот гигант веќе 16 години во низа во првото коло од Лигата на шампионите победува, нешто што никогаш не му успеало на ниту еден друг клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести