Во помалку од десет дена, Арсенал два пати одигра нерешено во Премиер лигата и тоа на две средби на кои имаше водство од по 2:0, но на крајот дуелите завршуваа 2:2. По овие реми дуели, Арсенал загуби дури четири бода во трката за титулата (наместо да освои шест бода за две победи, заработи два бода за две нерешени). Во истиот период, Манчестер сити впиша две лесни победи и освои шест бода, па сега Граѓаните се доближаа на само четири бода зад Арсенал. Топчиите се лидери со 74 бодови, додека Сити има 70 бодови, но и меч помалку.
Ако пред десет дена Арсенал беше голем фаворит за титулата, сега ситуацијата е драстично сменета. Според последните пресметки на Опта, на Сити му се даваат дури 65,6 отсто шанси за да стигне до титулата, додека тие шанси за Арсенал сега изнесуваат само 34,4 отсто.
Зошто Сити е двојно поголем фаворит за титула, а заостанува четири бода? Затоа што граѓаните се во одлична форма, а Арсенал полека паѓа во ритамот. Доколку Сити го добие заостанатиот меч, ќе се доближи само на еден бод до лидерот и потоа во меѓусебен дуел на домашен терен во Манчестер ќе има шанса да избие на првото место на табелата.
1 – The probability of winning the Premier League this season based on our prediction model:
Now:
65.6%- Manchester City
34.4% – ArsenalOn Friday:
53.1% – Manchester City
46.9% – ArsenalWidening. pic.twitter.com/n8FhvAa7FG
— OptaJoe (@OptaJoe) April 16, 2023