И тоа е можно во НБА: Хјустон бара да се преигра завршницата на мечот со Сан Антонио (Видео)

Челниците на Хјустон рокетс побарале да се преиграат последните седум минути и 50 секунди од дуелот против Сан Антонио спарс и тоа поради грешка на судиите. Арбитрите пропуштија да ги признаат поените на Џејмс Харден кој имаше атрактивно забивање, но топката доби чудна траекторија, па делуваше како да излезе од обрачот. Сепак, повторената снимка покажува дека поените требало да важат.

Доколку поените беа признаени, Хјустон ќе поведеше со 104:89 на помалку од осум минути до крајот на мечот. На крајот дуелот по 48 минути заврши нерешено, а немаше победник ниту по дополнитени пет минути. на крајот, Сан Антонио победи со 135:133 по две продолженија.

Во следните пет дена, челниците на НБА лигата треба да одлучат дали ќе ја прифатат жалбата на Хјустон и спорните речиси осум минути ќе бидат преиграни.

 

- Оглас -

Најнови вести