И тоа го има, двајца тенисери се степаа на мрежа (Видео)

Тенисот е еден од оние спортови во кои противниците немаат директен контакт, па затоа и многу ретко може да се случи инцидент.

Сепак, токму таков инцидент се случи на АТП-турнирот во Орлеан во Франција, и тоа меѓу домашниот тенисер Корентин Муте и Бугаринот Адријан Андреев. Овие двајца тенисери успеаја да се степаат, и тоа веднаш по завршување на мечот, кога требаше спортски да си подадат рака на мрежата.

Бугарскиот тенисер победи со 2:1 во сетови, и тоа со пресврт (2:6, 7:6, 7:6), а овој пораз очигледно тешко му падна на Французинот.

Кога дојдоа до мрежата, двајцата тенисери најпрво си подадоа рака, но потоа влегоа во физички конфликт. Мораше да реагира и главниот судија, кој се симна од столот за да ги смири страстите.

- Оглас -

Најнови вести