И тоа го има на ЛОИ: Падна и заврши последен, а сепак ќе трча во финалето (Видео)

Атлетичарот од Боцвана, Најџел Амос ќе виде дел од финалето на трката од 800 метри, иако во квалификациите му се слуши пех и падна. Амос е еден од главните ѕвезди на патеката од 800 метри, а во квалификациската трка падна по сударот со Исак Џевет и на крајот заврши со речиси една минута послабо време од победникот Ротич.

Од целиот инцидент се појави видео снимка во која се гледа како Исак сам се сопнува и паѓа, а потоа настрада и Амос кој во тој момент беше на петото место. Атлетичарот од Босна и Херцеговина Амел Тука и Фергусон Ротич од Кенија завршија на првите две места и се изборија за место во финалето, а жирито на трката оцени дека Амос паднал по не по негова вина и оценија дека тој би имал време за влез во финалето.

https://twitter.com/i/status/1421825915651334151

Токму затоа, Амос доби вајлд-карта за место во финалето, па трката на која треба да се дознае олимпискиот првак ќе има девет, наместо стандардните осум атлетичари.

- Оглас -

Најнови вести