И тоа го има во Италија: Фудбалер со својот гол му врачи отказ на татко му, па потоа плачеше пред соблекувалната

Послабите фудбалски натпреварувања секогаш знаеле да донесат безброј интересни приказни, а такво нешо се случува и во најмоќните земји во овој спорт.

Од италијанската Серија Д доаѓа една интересна приказна во која биле вклучени татко и син.

Масимо Багати сега е веќе поранешен тренер на Атнетик Карпи, а неговиот отказ дошол по нерешениот исход во мечот против Прогресо, кој завршил 1:1.

Стрелец за противничкиот тим бил токму неговиот син, Николо Багати, во 22-рата минута, со што практично му го додели отказот на својот татко.

„Николо дојде пред соблекувалната и плачеше бидејќи мисли дека ми наштетил, но не е така. Тој само си ја извршуваше својата должност“, изјави Масимо.

И покрај ремито, останува зачудувачки зошто раководството на овој тим се одлучило да му даде отказ на тренерот бидејќи по осум кола, се наоѓаат на осмото место со 12 бодови и само една победа ги дели од тоа да бидат меѓу најдобрите четири во ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести