И тоа го има во Лигата на шампионите: Судијата бараше автограм од Халанд (Видео)
Од УЕФА сигурно нема да бидат многу среќни по оваа видеоснимка.

Манчестер сити со 2:1 ја победи Борусија Дортмунд во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите, но гостите остануваат со реални шанси дека во реваншот може да ја надополни негативата. Покрај трите погодоци, тоа што посебно привлече внимание на дуелот во Манчестер беше еден од судиите помошници кој ја искористи можноста да побара автограм од младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Оваа ситуација ја искоментира и тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој вели дека нема ништо лошо во тоа.
„Можеби е негов фан и сега ја искористи шансата. Зошто да не земе автограм? Судиите одлично си ја завршија својата задача“, беше коментарот на тренерот на Манчестер сити, Гвардиола.
A referee’s assistant should not be asking a player for autographs after a match in the tunnel as happened with Haaland.
UEFA won’t want to see this surely pic.twitter.com/nA94n3k27W— Rob Harris (@RobHarris) April 6, 2021