Екипите на Манчестер сити и Арсенал одиграа без голови, 0-0, во дербито на Премиер лигата, резултат од кој најзадоволни се во Ливерпул, бидејќи „црвените“ Енфилд сега се осамени на врвот од табелата, откако го победија Брајтон со 2-1 на домашен терен.
Сепак, на мечот на „Етихад“ интересен момент се случи во 27-мата минута. Дефанзивецот на Сити, Натан Аке се повреди, па се подготвуваше измена, а тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја искористи паузата за да одржи мини-состанок со неговите фудбалери. Бернардо Силва го забележа тоа и се доближи да ги слушне советите на тренерот на Арсенал, момент кој предизвика смеа кај гледачите на стадионот, но и кај оние кои на телевизија го следеа мечот.
https://www.reddit.com/r/MCFC/comments/1bsu73z/bernardo_silva_listening_in_on_artetas_tactics/?utm_source=share&utm_medium=mweb3x&utm_name=post_embed&utm_term=1&utm_content=1