Дуелот меѓу Евертон и Њукасл во Премиер лигата имаше неочекуван неколкуминутен прекин на почетокот на второто полувреме.
Еден навивач втрча на теренот и самиот се заврза за стативата на голот на Асмир Беговиќ.
Неколку стујарди се мачеа да го ослободат навивачот натрапник, а по речиси десетминутна „борба“, мечот продолжи.