И тоа го видовме во фудбалот – Бенедето играше со капа за пливање (Фото)

Напаѓачот на Марсеј, Дарио Бенедето играше речиси цел меч против Амиен со капа за пливање, со цел да ја заштити раната на главата по повредата во воздушен дуел.

Аргентинецот брзо се врати на терен со чуден моден детал, досега невиден во светот на фудбалот. Марсеј ремизираше против Амиен 2:2 на свој терен, а Бенедето не успеа да постигне гол.

Дарио е најдобар стрелец на тимот сезонава со 11 гола во Лига 1 во Франција, а сега ќе се памети и по невообичаената заштита на главата.

Image

Марсеј е познат пливачки центар во светот, клубот „Cercle des nageurs de Marseille“, е еден од најстарите на планетата и е формиран во 1921 година, а од таа школа се олимписките прваци Флорен Манаду и Лора Манаду и поранешниот светски првак Камил Лакур.

- Оглас -

Најнови вести