-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

И тоа може да се случи: Натпревар во НБА лигата не се одигра поради банална причина (Видео)

Мечот помеѓу Чикаго и Мајами воопшто не се одигра и тоа поради влажниот под, па ноќната кошаркарска програма остана посиромашна за еден меч. Се одиграа три од четирите планирани натпревари.

Познатата сала „Јунајтед Центер“ во Чикаго беше исполнета до последното место, кошаркарите излегоа на загревање, но веднаш пријавија дека паркетот е лизгав и дека условите не се безбедни за играње.

Имено, во салата се создаде кондензација на паркетот, предизвикана од поројните дождови надвор, повисоките температури и високата влажност на воздухот.

Играчите се повлекоа во соблекувалните, а делегатот на натпреварот нареди во салата да се намали греењето и натпреварот да започне со задоцнување од еден час, доколку се исполнат условите за негово одигрување.

И покрај тоа што персоналот на салата со крпи се обидуваше да ја собере влагата од паркетот, ниту еден час по закажаниот почеток на натпреварот немаше услови за играње, па беше донесена одлука натпреварот да се откаже.

Новиот термин за одигрување на натпреварот ќе биде одреден дополнително.

Резултати: 

Шарлот – Индијана 112-114
Чикаго – Мајами одложена
Минесота – Кливленд 131-122
Јута – Далас 116-114

- Оглас -

Најнови вести