И тоа се случи: Дел од медиумите во Србија го бојкотираат Новак Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ успешно го започна турнирот во Бризбејн откако со 2:0 во сетови го победи Рики Хиџиката во првото коло на АТП 250 турнурот. Победата на Ѓоковиќ беше очекувана, но неочекувано е тоа што дел од медиумите во Србија воопшто не известуваа за овој меч.

Популарниот Ноле кој повеќе од 15 години е национален спортски херој, неодамна даде поддршка на протестите кои ги организираат студентите против власта и претседателот Александар Вучиќ. „Спортклуб.рс“ се прашува дали Ѓоковиќ е „персона нон грата“ и дел од медумите во таа земја одат до таму па воопшто не пренесуваат извештај од победата на најтрофејниот тениер на сите времиња.

Ова е постото кој Ѓоковиќ го стави на своите социјални мрежи, но и пост кој веројатно му донесе бојкот кај дел од медиумите во сопствената земја.

- Оглас -

Најнови вести