Верона одигра одличен меч на „Марк Антонио Бентегоди“ и успеа да го победи актуелниот првак на Италија, Јувентус со 2:1.
Притоа избраниците на Иван Јуриќ приредија вистински подвиг и негативата од 0:1 ја преточија во голем триумф. На домаќините во првото полувреме им беше поништен гол, а стрелецот Маруш Кумбула беше во офсајд што се мереше со милиметри.
https://www.dailymotion.com/video/x7rn4gw
Шанси за водечки гол во првото полувреме имаше и Јувентус, а кога Кристијано Роналдо со 20. гол сезонава во Серија А му донесе предност на гостинот во 65. минута се чинеше дека лидерот во Италија ќе слави нова победа.
Ronaldo what a goal https://t.co/xTMmrlLkBM
— Ω (@SDrkseid) February 8, 2020
Сепак Верона продолжи да игра храбро и успеа да направи редок подвиг и пресврт против Старата дама. Борини во 76. минута израмни на 1:1, а потоа беше досуден пенал за Верона, што Пацини го претвори во победнички гол.
https://twitter.com/UselessSimo/status/1226258958031171586?s=20
Јувентус остана на првото место на табелата со 54 бода, но сега Интер има шанса да се израмни со вечниот ривал, ако утре го победи градскиот ривал Милан.