И тоа се случи: Ќе бидат чисти столчињата на Арената за дуелот против Велс

Помалку од две недели остануваат до почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, а Македонија на стартот гостува кај Лихтенштајн. Веднаш по тој меч на гости, следува дуел против Велс на Арената „Тодор Проески“.

Нашиот најголем стадион веќе 15-тина дена е затворен со цел да се заштити и да се регенерира тревата на теренот. Освен добар терен, за дуелот против Велс ќе има уште еден новитет, а тоа е дека столчињата на стадионот ќе бидат чисти!

Факт е дека го имаме еден од најубавите стадиони во регионот, но тој со години делуваше запустено. Столчињата беа валкани, некои дури и гнасни на кои не можеше да се седи. Сега тоа се менува. Нешто што требаше да биде нормално во изминативе години, сега станува реалност.

Новото раководство на ФФМ започа акција да бидат исчистени столчињата на нашиот најголем стадион и за дуелот против Велс. Гледачите кои ќе купат билети да може на стадионот да дојдат без да мислат дали ќе земат хартија на која ќе седнат за да не си ја извалкаат облеката.

Иако има уште две недели до тој меч против Велс, веќе има продадено речиси 5.000 билети. Секој кој сака да купи билет, тоа може да го направи на ОВОЈ ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести