И тоа се случи на ЕП: Шест фудбалери ја поделија наградата за најдобар стрелец на турнирот

Европското првенство во Германија стана единствено во историјата на кое наградата за најдобар стрелец, односно златната копачка, ќе ја поделат дури шест фудбалери. Во минатото ако имаше двајца или повеќе фудбалери со ист број на погодоци, втор критериум беа асистенциите, а ако и тука не можеше да се одлучи победникот, се гледаше помалиот број на одиграни минути.

Сепак, од ова првенство, УЕФА одлучи да ги укине вториот и третиот критериум, па токму поради тоа шест фудбалери на ова Европско првенство ќе ја поделат наградата. Дани Олмо (Шпанија), Хари Кејн (Англија), Коди Гакпо (Холандија), Џамал Мусијала (Германија), Георгес Микаутадзе (Грузија) и Иван Шранц (Словачка) се фудбалерите кои Европското првенство го завршија со по три погодоци.

Доколку пак важеа старите правила, тогаш златната копачка ќе му припаднеше на Дани Олмо, кој покрај трите погодоци, има и две асистенции на првенството и сосема заслужено ќе дојдеше до престижната титула.

- Оглас -

Најнови вести