Бокс мечот помеѓу Иросвани Дувергел и Џеред Фендерсон, за малку ќе завршеше со нокаут, а да нема победник.
Во размената на удари, во еден момент двајцата истовремено се најдоа на подот и во нокдаун. Откако судијата утврди дека двајцата се способни да продолжат, не ја прекина борбата и тие продолжија да боксуваат, но овој несекојдневен момент ќе се памети.
На крај, победи Американецот со кубанско потекло, Дувергел, и тоа на поени, иако овој боксер во третата рунда двапати беше во нокдаун.
Погледнете што се случи: